РУСИЈА И ОАЕ ВО ИТНИ КОНСУЛТАЦИИ – Иран во фокусот на разговорот меѓу Путин и шеикот

Рускиот претседател упатил благодарност до ОАЕ за помошта во хуманитарните прашања поврзани со украинскиот конфликт.

РУСИЈА И ОАЕ ВО ИТНИ КОНСУЛТАЦИИ – Иран во фокусот на разговорот меѓу Путин и шеикот
Фото: Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со претседателот на Обединетите арспски емирати, Мохамед бин Зајат ал Нахјан, за кризата на Блискиот Исток и ситуацијата околу Иран, соопшти Кремљ.

„Разговарани беа прашања поврзани со кризата на Блискиот Исток и околу Иран. Двете страни ја нагласија важноста од продолжување на политичкиот и дипломатскиот процес за постигнување компромисни мировни решенија што ќе ги земат предвид интересите на сите држави во регионот“ – се наведува во соопштението.

За време на разговорот, Путин изразил благодарност до ОАЕ за нивната континуирана помош во решавањето на хуманитарните прашања поврзани со украинскиот конфликт. Според руските медиуми, двајцата лидери разговарале и за можностите за намалување на тензиите во регионот и избегнување на понатамошна ескалација.

CATEGORIES
Share This