ТРАГЕДИЈА НА КРАЛСКАТА ИЗЛОЖБА – Војник загина пред очите на кралското семејство во Виндзор

Инцидентот се случил за време на Кралската изложба на коњи во Виндзор, а лекарите не успеале да го спасат воениот јавач.

ТРАГЕДИЈА НА КРАЛСКАТА ИЗЛОЖБА – Војник загина пред очите на кралското семејство во Виндзор
Фото: Принтскрин

Член на елитната единица Кралска трупа, Кралска коњска артилерија паднал од коњ додека ја напуштал арената во Виндзор, Беркшир. Медицинските екипи веднаш интервенирале и се обиделе да го спасат јавачот, но тој починал на местото на несреќата од здобиените тешки повреди.

Полицијата соопшти дека случајот се води како необјаснета, но не и сомнителна смрт. И покрај трагедијата, Кралската изложба на коњи во Виндзор продолжува според предвидената програма, но без настап на Кралската коњска артилерија.

Според британските медиуми, Чарлс III бил „длабоко потресен и тажен“ поради смртта на војникот. Кралот, заедно со војводата и војводкињата од Единбург, присуствувале на настанот и се верува дека биле сведоци на инцидентот.

„Иако кралот и членовите на кралското семејство беа во арената во моментот на несреќата, тие дури подоцна ја дознале сериозноста на ситуацијата. Неговото Височество беше длабоко вознемирено од веста за смртта на војникот и лично ќе изрази сочувство до семејството“, соопшти портпарол на Бакингемската палата.

Директорката на организаторот HPower, Џо Пек, изјави дека мислите и сочувството на сите се со семејството на загинатиот војник и неговите колеги.

Од полицијата апелираа сите кои имаат информации или снимки поврзани со трагедијата да се јават кај надлежните служби. Во истрагата се вклучени Министерството за одбрана, Одделот за истрага на воени несреќи и организаторите на настанот, со цел да се утврдат точните околности под кои се случила несреќата.

CATEGORIES
Share This