ОДЕКНА ВЕСТ ОД МАДРИД – Мурињо повторно тренер на Реал

Според „Марка“, договорот меѓу Реал Мадрид и Жозе Мурињо е веќе постигнат.

ОДЕКНА ВЕСТ ОД МАДРИД – Мурињо повторно тренер на Реал
Фото: Принтскрин

Шпанска „Марка“ објави сензационална информација доцна во ноќта која ги разбуди навивачите на Реал Мадрид, тврдејќи дека е постигнат конечен договор меѓу „кралскиот клуб“ и Жозе Мурињо.

Според тие наводи, соработката меѓу Реал Мадрид и португалскиот стратег била извесна веќе подолг период, а дел од португалските медиуми пренесуваат дека Мурињо веќе го информирал и претседателот на Бенфика, Руи Коста, за својот нов ангажман.

За Мурињо ова би значело враќање на клупата на „Сантијаго Бернабеу“ по 13 години, каде што претходно го водеше Реал од 2010 до 2013 година и освои по една титула во Ла Лига, Купот на Шпанија и Суперкупот.

Официјалната презентација на новиот тренер, според најавите, се очекува да се одржи следната недела.

CATEGORIES
Share This