МОЛЧЕВМЕ ДОВОЛНО – И Виница денес првпат маршира за 63-те жртви во „Пулс“

Собирот е закажан во 16:45 часот, а маршот започнува во 17:05 од плоштадот „Ангел Винички“.

МОЛЧЕВМЕ ДОВОЛНО – И Виница денес првпат маршира за 63-те жртви во „Пулс“
Фото: Национал

Денес и Виница за првпат ќе се приклучи на „Маршот на ангелите“, марш посветен на 63-те згаснати животи и стотиците повредени во трагедијата што ја потресе јавноста.

Собирот е закажан за 16:45 часот на плоштадот „Ангел Винички“, додека маршот ќе започне во 17:05 часот.

„Маршираме затоа што зад бројката 63 стојат 63 прекинати животи, неостварени соништа, празни соби и семејства што засекогаш останаа без дел од себе. Затоа што повеќе од 500 повредени и преживеани не се бројки во извештај, туку луѓе кои секој ден се соочуваат со последиците и траумите од таа ноќ“. Маршираме затоа што за ваква трагедија не смее да има симболична одговорност. Затоа што условна казна не е правда за 63 изгубени животи и стотици уништени семејства. Молчевме доволно. Сега ангелите зборуваат преку нас. Чекорат преку нас. Во сабота и Виница ќе чекори со нас“, се наведува во објавата.

CATEGORIES
Share This