КОЛОНИ И ЗАСТОИ КАЈ ПЛЕТВАР – Сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Сообраќајот кај превојот Плетвар се регулира по една коловозна лента поради судир на две товарни моторни возила.

КОЛОНИ И ЗАСТОИ КАЈ ПЛЕТВАР – Сообраќајот се одвива по една коловозна лента
Фото: Национал

Од 09:38 часот, на патниот правец Прилеп – Градско кај превојот Плетвар, поради сообраќајна несреќа помеѓу две ТМВ, сообраќајот се одвива со физичко регулирање по една коловозна лента.

Сообраќајот денеска (16.05.) на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

CATEGORIES
Share This