ЕВРОВИЗИЈА 2026 – Познати сите 26 финалисти, големото финале е комплетирано

Со комплетирани сите учесници, Евровизија влегува во завршната и највозбудлива фаза.

ЕВРОВИЗИЈА 2026 – Познати сите 26 финалисти, големото финале е комплетирано
Фото: Принтскрин

По втората полуфинална вечер на Евровизија, сега се познати сите 26 земји што ќе настапат во големото финале на најголемиот музички натпревар во Европа.

Во финалето се пласираа Бугарија, Украина, Норвешка, Австралија, Романија, Малта, Кипар, Албанија, Данска и Чешка.

Директен пласман имаат и „големата петорка“ и домаќинот Обединето Кралство, Франција и Австрија (земја домаќин).

Овие три земји ги претставија своите песни во втората полуфинална вечер.

Претходно во финалето се пласираа Грција, Финска, Белгија, Шведска, Молдавија, Израел, Србија, Хрватска, Литванија и Полска.

Со комплетирани сите учесници, Евровизија сега влегува во највозбудливиот дел, борбата за победа во големото финале.

По завршувањето на двете полуфинални вечери на Евровизија 2026, вниманието на европската публика и обложувалниците сега е целосно насочено кон големото финале кое ќе се одржи в сабота, 16 мај, со почеток од 21 часот во арената „Винер Штадхале“ во Виена.

CATEGORIES
Share This