ЦЕНИТЕ ЛЕТААТ, ПРОДАЖБИТЕ ПАЃААТ – Стан во Кисела Вода од 45 м2 продаден за 130.000 евеа

Центар и Аеродром водат, Вевчани и помалите општини со минимална активност.

ЦЕНИТЕ ЛЕТААТ, ПРОДАЖБИТЕ ПАЃААТ – Стан во Кисела Вода од 45 м2 продаден за 130.000 евеа
Фото: Национал

Во првите три месеци од тековната година, највисоката цена постигната за стан изнесува 177.667 денари по квадратен метар (околу 2.888 евра). Станот од 45 м², вреден 130.000 евра, се наоѓа во општина Кисела Вода.

Податоците се дел од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности, кој опфаќа период јануари–март 2026 година и укажува на значително намалување на активноста на пазарот на недвижности.

Во првиот квартал се евидентирани 712 новоизградени станови, што е пад од 29% во однос на претходниот квартал. Бројот на продадени станови е намален за 27%, а вкупната вредност на трансакциите за 23%.

Исто така, намалување е забележано и кај продажба на куќи 23%, земјоделско земјиште и шуми 8% и деловни простори 11%.

Вкупната пазарна активност опаднала за 16,4%, со 7.757 трансакции (купопродажби и закупи), во споредба со претходниот квартал.

Евидентирани се 28.013 листови за предбележување на градба, што укажува на објекти во изградба кои наскоро би се појавиле на пазарот.

Најмногу продажби на станови има во општина Аеродром (193), куќи во Битола (54), деловни простори Центар (22), земјоделско земјиште Кочани (83), градежно земјиште Куманово (37) и гаражи 151 трансакција на ниво на држава

Вкупната вредност на пазарот изнесува 276,3 милиони евра, што претставува пад од 12,4% во однос на претходниот квартал. Купопродажби има 5.174 (пад од 16,9%) додека закупи 2.583 (пад од 15,4%)

Во рамки на купопродажбите, најголем дел се реализирани преку инвеститори (741 трансакција), додека 110 се откупи од државата.

Најактивен месец бил февруари со 1.527 трансакции, додека во март се регистрирани најмногу закупи (930). Продажбите од инвеститор достигнале максимум во март (297 трансакции).

Продажби од инвеститор бележат пад од 32,3%, лицитациски продажби без промена (12) и откуп од државата има раст од 175% (од 40 на 110)

Најмногу трансакции има во Центар 529 (пад од 35%), Аеродром 463 (пад од 28%), Карпош 365 (пад од 23%), Кисела Вода 331 (пад од 9,6%) и Битола и Штип по 330.

Најмалку трансакции се забележани во општини како Вевчани (1), Арачиново (4), Центар Жупа (5), Новаци и Пласница (по 6) и Зрновци (8).

Генерално, податоците покажуваат забавување на пазарот на недвижности во првиот квартал од 2026 година, со пад на продажбите, закупите и вкупната финансиска вредност.

CATEGORIES
Share This