ЕВРОПА ИМ СЕ ПОКЛОНИ – Македонскиот балет доби долги стоечки овации

Македонскиот балет ја воодушеви публика во Германија, Холандија и Белгија.

ЕВРОПА ИМ СЕ ПОКЛОНИ – Македонскиот балет доби долги стоечки овации
Фото: Принтскрин

Македонскиот балет блесна на европската сцена со 16-дневна турнеја низ Германија, Холандија и Белгија, одржувајќи 11 гала концерти пред преполни сали и публика што ги наградуваше уметниците со долги стоечки овации. Менаџерот на Македонската опера и балет, Кире Павлов, истакна дека ансамблот достоинствено ја претставил Македонија и културата, со силна поддршка од МОБ и Министерството за култура и туризам.

На турнејата беа изведени „Лебедово езеро“ и „Жизел“, а Павлов најави дека во декември Балетот повторно ќе гостува во истите земји со „Оревокршачка“. Тој нагласи дека ова е најголемата меѓународна програма во историјата на Македонскиот балет, со зголемен број настапи и нови соработки, меѓу кои и со Молдавската филхармонија и театри од Англија.

Според Павлов, гостувањата имаат огромно значење за промоција на државата, бидејќи европската публика била пријатно изненадена од квалитетот на македонскиот балет, сценографијата и уметниците.

CATEGORIES
Share This