ВРЕМЕТО ДРАСТИЧНО СЕ МЕНУВА – Од сончево утро до нестабилно и дождливо попладне

Синоптичарите предупредуваат дека локално се можни интензивни врнежи и краткотрајни временски непогоди.

ВРЕМЕТО ДРАСТИЧНО СЕ МЕНУВА – Од сончево утро до нестабилно и дождливо попладне
Фото: Национал

Времето денеска (12.05) претпладне сончево со мала до умерена облачност и температура во интервал од 8 до 32 степени – информираат од Управата за хидро метеоролошки работи на Македонија. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, наместа повремено со брзина над 80 km/h. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

CATEGORIES
Share This