СЛУЧАЈОТ ПУЛС – Денеска почнува судењето на 13 полицајци обвинети за пропусти при пожарот
Обвиненија за загрозување на безбедноста во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“.

Фото: Принтскрин
Во Основниот кривичен суд денеска започнува судскиот процес против 13 полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се обвинети за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“.
Според обвинителните наводи, на 16 март обвинетите биле на дежурство, но истовремено биле ангажирани и во самата дискотека. Во критичната ноќ кога избувнал пожарот, тие, како што се наведува, не ја прекинале забавата и не спречиле употреба на пиротехнички средства.
Обвинението во судската постапка го застапува обвинителката Спасенка Андонова од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест
