СОСТАНОК ВО ИРАН – Што му нареди Хамнеи на военото раководство?
Висок воен состанок меѓу Али Абдулахи и ајатолахот Хамнеи.

Шефот на Обединетата команда на иранските вооружени сили, Али Абдулахи, се сретнал со врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаб Хамнеи, од кого добил нови насоки за спроведување на воените операции и за „цврсто соочување со противниците“, пренесоа иранските медиуми.
Според извештаите, Абдулахи го информирал Хамнеи за нивото на подготвеност на иранските вооружени сили, но не е наведено кога точно се одржал состанокот.
„Воините на исламот се на високо ниво на подготвеност кога станува збор за борбениот морал, одбранбените и офанзивните капацитети, стратешките планови, како и опремата и оружјето потребни за справување со непријателските дејствија на американско-ционистичките противници. Во случај на каква било стратешка грешка, агресија или напад, одговорот ќе биде брз, силен и решителен“ – изјавил Абдулахи, според иранските медиуми.
На средбата, ајатолахот Хамнеи, кој е и врховен командант на вооружените сили, наводно издал нови инструкции за понатамошните активности и за засилување на конфронтацијата со непријателите.
