ОРБАН УДРИ ПО ЕУ – Брисел не е наш пријател, туку непријател

Унгарскиот лидер со жестоки критики кон Европската Унија, обвинувајќи го Брисел за притисоци и мешање во националниот суверенитет.

ОРБАН УДРИ ПО ЕУ – Брисел не е наш пријател, туку непријател
Фото: Принтскрин

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан денеска упати остри критики кон Европската Унија, оценувајќи дека Брисел не е сојузник на државите кои се залагаат за национален суверенитет.

„Брисел не е наш пријател, туку наш непријател. Сака да им ги одземе надлежностите на земјите што се борат за сопствен суверенитет“, изјави Орбан.

Тој обвини дека институциите на ЕУ вршат финансиски и политички притисоци врз земјите-членки, со цел да ги принудат да ги следат политиките на Унијата.

„Ни треба Брисел и треба да останеме дел од Европската Унија, но единствениот правилен пристап е да се бориме и да се спротивставиме“, порача Орбан.

Според него, доколку државите не се спротивстават на политиките на Брисел, ризикуваат да бидат „понижени, ограбени и прегазени“.

ДЕНЕС ЗАКЛЕТВА НА НОВАТА УНГАРСКА ВЛАДА – Орбан се прости од власта и еве што порача

CATEGORIES
Share This