ФОТОГРАФИЈА ШТО ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ – Папата Лав XIV носи патики Најк наместо традиционални чевли
Италијанскиот чевлар Адриано Стефанели откри дека папата дури одбил специјално изработени папски обувки.

Фотографија од трејлерот за документарниот филм Leone a Roma предизвика вистинска лавина реакции на социјалните мрежи, откако јавноста забележа дека Папата Лењо XIV носи Најк патики.
Необичниот моден избор веднаш стана тема на дискусија, бидејќи папската обувка традиционално се поврзува со рачно изработени, елегантни чевли, а не со спортски патики. Сепак, папата Лав XIV уште еднаш покажа дека не се плаши да ги руши стереотипите.
Дополнително внимание привлече и симболиката поврзана со Карло Акутис, првиот светец кого папата го канонизирал. Младиот Акутис, познат по својот едноставен стил, бил погребан во фармерки и Најк патики, па многумина на социјалните мрежи веднаш ја поврзаа таа приказна со изгледот на папата.
Според италијанскиот мајстор за обувки Адриано Стефанели, папата дури одбил и специјално изработени папски чевли затоа што не му се допаднала нивната боја. Стефанели, кој претходно изработувал обувки и за Папата Јован Павле II и Папата Бенедик XVI, изјавил дека новиот папа многу внимава на својот личен стил.
Изборот на спортски патики, сепак, не ги изненадил оние што добро го познаваат. Папата Лав XIV важи за љубител на физичката активност, а уште минатата година, кога кардиналот Роберт Френсис Превост беше избран за папа, јавноста дозна повеќе за неговите секојдневни спортски навики.
Фотографијата на која папата носи Најк патики под папската одежда за едни е симбол на скромност и блискост со луѓето, а за други доказ дека Католичката црква постепено прифаќа помодерен и поопуштен имиџ.
Во секој случај, папата Лав XIV повторно покажа дека сака да биде автентичен и дури и кога станува збор за изборот на обувки.
