НЕ СЕ МОЛЧИ ПОВЕЌЕ – Протест ја разниша вечерта на отворањето на Мајските оперски вечери

Синдикатот на културата излезе пред Националната опера и балет.

НЕ СЕ МОЛЧИ ПОВЕЌЕ – Протест ја разниша вечерта на отворањето на Мајските оперски вечери
Фото: Фејсбук

Како што најавија во изминатите денови од Синдикатот на култура, пред Националната опера и балет, на денот на отворањето на Мајските оперски вечери, културните работници одржа протест на кој повторно побараа заштита на Колективниот договор во културата.

Од СКРМ реагираат на изјавите на министерот Зоран Љутков, оценувајќи дека со нив се извртуваат фактите и се доведува во прашање синдикалното дејствување во културниот сектор. Тие категорично отфрлаат дека нивната работа е мотивирана од политички причини или од страв од губење членство, нагласувајќи дека нивната улога произлегува исклучиво од потребата за заштита на работничките права.

Синдикатот посочува дека единствениот колективен договор во културата е резултат на долгогодишна борба и претставува клучен инструмент за заштита на достоинството и правата на вработените во оваа дејност.

Во реакцијата се наведува дека наместо политички квалификации, јавноста очекува јасни одговори од институциите за состојбата со платите и почитувањето на колективните договори.

СКРМ предупредува дека во 2025 година проблемот со пресметката на платите не само што не е решен, туку дополнително се влошил, при што се бележи намалување од околу 3%, а со примена на, како што велат, неправилни упатства, намалувањето достигнува и до 6% во однос на предвиденото со договорите.

Се додава и дека постојат над 60 првостепени судски пресуди во корист на вработените, од кои осум се правосилни, но тие сè уште не се целосно спроведени.

Синдикатот реагира и на игнорирањето на судските одлуки и на стопирањето на дел од постапките во очекување на одлука од Уставниот суд.

На крај, СКРМ ги повикува институциите на одговорно постапување, доследно почитување на законите и судските одлуки, како и итно решавање на проблемите со платите и условите во културата.

 

ПРОТЕСТ ВО МОМЕНТ НА СВЕЧЕНОСТ – Што се случува во културата?

CATEGORIES
Share This