ХОЛАНДИЈА КАЗНИ КОМПАНИЈА СО 100 МИЛИОНИ ЕВРА – Податоци на корисници завршиле во Русија
Холандскиот регулатор тврди дека чувствителни податоци од корисници завршиле на сервери во Русија.

Холандскиот орган за заштита на податоци денес ја казни компанијата МЛУ, која управува со апликацијата Jango Transport, со 100 милиони евра поради наводно нелегално пренесување на лични податоци на корисници во Русија.
Регулаторот соопшти дека МЛУ, холандска подружница на руската технолошка компанија Yandex, наводно споделувала податоци од корисници во Норвешка и Финска со сервери во Русија, без соодветни безбедносни мерки, објави холандски Тајмс.
Според наодите од истрагата, податоците кои наводно биле складирани во Русија вклучувале скенирани возачки дозволи, домашни адреси и прецизни локациски податоци за корисниците и возачите.
Холандскиот регулатор нагласи дека ваквиот пренос на податоци не е во согласност со европските правила за заштита на приватноста.
Од компанијата МЛУ ги отфрлија обвинувањата и најавија жалба, тврдејќи дека сите податоци се складирани во Европската Унија и се заштитени со енкрипција.
Jango работи во повеќе од 30 земји, меѓу кои и Србија.
Случајот дополнително го насочи вниманието кон работењето на Јандекс, кој претходно беше предмет на обвинувања за блиски врски со руските власти.
