ФИЛИПЧЕ НА ДЕНОТ НА ЕВРОПА – Мицкоски треба да биде персона нон грата

Обвинувања за изолација на државата и забавен евро-пат.

ФИЛИПЧЕ НА ДЕНОТ НА ЕВРОПА – Мицкоски треба да биде персона нон грата
Фото: Принтскрин

На днешниот Ден на Европа, Христијан Мицкоски треба да биде персона нон грата, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изјавата по повод одбележувањето на Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. Филипче посочи дека организираната криминална група на чело со Мицкоски, ја држи дравата изолирана, додека земјите од регионот забрзано напредуваат со евроинтеграцискиот процес.

„На ваков настан на Денот на Европа, Христијан Мицкоски треба да биде персона нон грата. И на Денот на Европа можевме да имаме многу повеќе причини да славиме, еве на пример како Црна Гора која што оди напред, која што ги затвора поглавјата и догодина ќе стане земја членка на Европската Унија. За жал не води организирана криминална група на чело со Христијан Мицкоски, која што сака земјава да биде во изолација, да биде слепо црево во Европа, да нема реформи, да нема европско правосудство, да нема европски судии и обвинители, да нема богати и среќни граѓани“, рече Филипче.

Во изјавата, Филипче посочи дека СДСМ своите корени ги влече од антифашистичката борба и вредностите врз кои е изградена македонската држава, додека ВМРО и денес користи методи на пропаганда и манипулација.

„Од друга страна ја прославуваме и борбата против фашизмот, победата над фашизмот. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги влече своите корени во антифашистичката борба, преку борбата на партизаните, дадените животи, изградбата на државата, после тоа крупните државнички одлуки кои што се направени. А ВМРО соработуваше со фашистите и сега користи гебелсови методи за комуникација, ширење лажни вести, оцрнување луѓе, идентификување на лажни внатрешни предавници и надворешни непријатели“, рече Филипче.

CATEGORIES
Share This