ВАКОВ ГЕСТ РЕТКО СЕ ГЛЕДА – Претседателот на ПСЖ ги почести вработените со патување од соништата

Гестот на клубот се гледа како симбол на единство и благодарност.

ВАКОВ ГЕСТ РЕТКО СЕ ГЛЕДА – Претседателот на ПСЖ ги почести вработените со патување од соништата
Фото: Принтскрин

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, повторно покажа гест на голема благодарност кон вработените во клубот. Тој одлучи, како и минатата година, да овозможи 500 вработени да патуваат на финалето од Лигата на шампионите против Арсенал во Будимпешта, со целосно покриени трошоци.

Катарскиот бизнисмен со овој потег сака да им оддаде признание на луѓето кои секојдневно придонесуваат за функционирањето и успесите на клубот. Слична иницијатива беше реализирана и минатата сезона, кога ПСЖ стигна до трофејот во Лигата на шампионите.

Во клубот веруваат дека присуството на вработените може да донесе дополнителна мотивација и позитивна енергија, слично како во минатогодишното финале во Минхен, кога „светците“ го совладаа Интер со убедливи 5:0 и го освоија трофејот.

Овој гест се гледа и како дополнителен стимул за тимот пред предизвикот во финалето, додека се очекува голем број навивачи да пристигнат во унгарската престолнина за да го поддржат ПСЖ во битката за нов европски трофеј.

Финалето во Лига Шампиони меѓу ПСЖ и Арсенал ќе се одигра на 30 мај во Будимпешта.

CATEGORIES
Share This