ПАРАДА ВО МОСКВА – Го спасивме светот, истакна Путин

На Црвениот плоштад се одржа традиционалната воена парада по повод Денот на победата.

ПАРАДА ВО МОСКВА – Го спасивме светот, истакна Путин
Фото: Принтскрин

Парадата по повод Денот на победата во Втората светска војна беше одржана на Црвениот плоштад во Москва, со учество на воени единици и државниот врв на Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање го нарече Денот на победата „свет празник“ и истакна дека овој ден се одбележува со гордост и чувство на должност кон татковината. Тој нагласи дека советскиот народ „го спасил светот од нацизмот“ и дека сеќавањето на Големата патриотска војна останува прашање на национална чест.

За време на церемонијата беше одржана минута молчење во чест на загинатите во војната. По говорот на Путин, на плоштадот следеше дефиле на воени единици, под надзор на руското Министерство за одбрана. За првпат командата со парадата ја презеде врховниот командант на Копнените сили, Андреј Мордвичев.

Настанот заврши со прелет на воени авиони од акробатските групи „Руски витези“ и „Стрижи“ над Црвениот плоштад.

CATEGORIES
Share This