КРАЈ НА ДРАМАТА – Изречена пресуда за трагедијата со мајката и ќерката
Кривичниот суд изрече 12 години затвор за Стојанче Јовановски по трагичниот настан од 2 март.

Кривичниот суд денеска му изрече казна затвор од 12 години на Стојанче Јовановски, кој беше обвинет за трагичниот настан од 2 март годинава, кога животот го загубија неговата сопруга Ивана Јовановска и нивната шестгодишна ќерка Катја, по пад од балкон.
Јовановски одговараше за три кривични дела: телесни повреди во вид на продолжено семејно насилство, загрозување на сигурноста, како и наведување и помагање во самоубиство.
Обвинителството во завршните зборови побара максимална казна, наведувајќи дека е докажан континуиран модел на физичко, психичко и економско насилство врз Ивана Јовановска, кој, според нив, кулминирал со трагедијата на 2 март.
Одбраната, пак, побара ослободителна пресуда, тврдејќи дека Обвинителството не успеало да ги докаже ниту последиците ниту причинско-последичната врска за делата што му се ставаат на товар на обвинетиот.
