СКАНДАЛ НА ЕМИРАТИ – Атлетико тврди дека бил „ограбен“ со три пенали што никој не сака да ги види
Спорни три ситуации во шеснаесетникот ја кренаа тензијата на максимум.

Атлетико Мадрид беше елиминиран од Арсенал по поразот од 1:0 во реваншот одигран на „Емирати“. Единствениот погодок го постигна Букајо Сака во 45. минута, а натпреварот беше обележан со три спорни ситуации во кои играчите и навивачите на Атлетико сметаа дека им биле ускратени пенали.
Првата спорна ситуација се случи по една долга топка во првото полувреме. Џулијано Симеоне и Рикардо Калафиори се бореа за позиција, при што италијанскиот дефанзивец го оттурна Симеоне со двете раце во шеснаесетникот. Иако ситуацијата не беше анализирана како офсајд, одлуката да не се досуди пенал предизвика реакции, а Симеоне подоцна сподели фотографија од моментот на социјалните мрежи, доведувајќи ја во прашање судиската проценка.
Giuliano Simeone has posted an image of the so-called offside from last night, after Calafiori pushed him to the ground inside the Arsenal penalty area. pic.twitter.com/KyFkIByYON
— Atletico Universe (@atletiuniverse) May 6, 2026
Втората ситуација се случи околу 50. минута, по уште една опасна акција на Атлетико. Симеоне повторно се најде во добра позиција по длабоко додавање, ја заобиколи и голманот, но Габриел навреме интервенираше и ја расчисти топката. Играчите на Атлетико сметаа дека имало прекршок во тој дуел и бараа пенал.
Најголемите реакции ги предизвика ситуацијата од 56. минута. По ударот на Гризман, Марк Пубил влезе во дуел со Габриел при одбиената топка, а стоперот на Арсенал заврши во контроверзен контакт. Во продолжението на акцијата, топката повторно стигна до Гризман, по што Калафиори беше очигледно нагазен. Сепак, пенал не беше досуден, бидејќи претходно беше свирен фаул во корист на Габриел.

