ЧУДНИ ОДЛУКИ НА УСТАВНИОТ СУД – Кој доби, а кој загуби во денешната седница

Една иницијатива е отфрлена, друга отвора сериозно прашање за еднаквоста и правата на граѓаните.

ЧУДНИ ОДЛУКИ НА УСТАВНИОТ СУД – Кој доби, а кој загуби во денешната седница
Фото: Национал

Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 1 и член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Иницијативата ја поднесе Илија Ивановски од Србија, кој смета дека со спорните одредби се доведува до нееднаквост и дискриминација меѓу пензионерите што стекнале право според истиот закон, но живеат и ја примаат пензијата во различни држави. Според него, ограничувањето врз основа на местото на живеење претставува повреда на уставно загарантираните права.

Истовремено, Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 37 став 1 од Законот за заштита на децата, во делот „родено на територијата на Република Северна Македонија“, по иницијатива на Кирил Михајлоски. Тој наведува дека условот ги става во понеповолна положба децата родени во странство, иако нивните родители се државјани на државата, при остварување на правото на еднократна парична помош. Според него, местото на раѓање не може да биде релевантен критериум, бидејќи не зависи од волјата на детето.

Судот исто така поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 3 од Уредбата за престанување на важење, односно примена на прописи опфатени со проектот регулаторна гилотина.

Од друга страна, не беше поведена постапка за член 74 од Правилникот за имунопрофилакса и хемиопрофилакса, како и за член 7 од Статутот на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија.

Иницијативите поврзани со измените на Законот за градење беа повлечени од дневниот ред со цел дополнително разгледување на околностите.

CATEGORIES
Share This