ОБАМА ПРОЗБОРЕ ЗА ИРАН – Нетанјаху дојде и кај мене да започнеме војна

Поранешниот американски претседател предупредува на глобални последици ако се напуштат основните вредности.

ОБАМА ПРОЗБОРЕ ЗА ИРАН – Нетанјаху дојде и кај мене да започнеме војна
Фото: Принтскрин

Поранешниот американски претседател Барак Обама предупреди дека САД би можеле да предизвикаат сериозни глобални последици доколку нивното раководство се оддалечи од основните човечки вредности. Во интервју за „Њујоркер“, Обама индиректно се осврна на изјавите и политиката поврзани со Доналд Трамп и тензиите со Иран.

Во текстот „Барак Обама размислува за својата улога во ерата на Трамп“, тој истакна дека американското лидерство мора да се темели на почит кон човечкото достоинство и пристојност, како во земјата, така и на меѓународно ниво.

Зборувајќи за прашањето со Иран, Обама се осврна на претходните притисоци за воена интервенција, вклучувајќи ставови на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека во негово време таквите барања биле одбиени. Тој изрази сомнеж дека воен конфликт би бил корисен ниту за Израел, ниту за САД.

Обама ја критикуваше и реториката поврзана со закани кон Иран, истакнувајќи дека ваквиот пристап е спротивен на вредностите што треба да ги претставува американското лидерство.

Тој предупреди дека напуштањето на принципите како заштита на невините и избегнување на ароганција и личен интерес може да го турне светот во опасна насока.

Воедно, Обама посочи дека нарушувањето на односите со сојузниците и меѓународниот поредок ќе биде тешко да се поправи, нагласувајќи дека системот на глобална соработка по Втората светска војна претставува едно од најголемите достигнувања на САД.

CATEGORIES
TAGS
Share This