БРУТАЛНА ПОРАКА ОД БЕЛАТА КУЌА – Иран „мртов“ на хартија

Нејасно дали станува збор за анализа, политика или провокативна порака.

БРУТАЛНА ПОРАКА ОД БЕЛАТА КУЌА – Иран „мртов“ на хартија
Фото: Принтскрин

Шефот на Белата куќа повторно привлече внимание на социјалната мрежа „Truth Social“, каде што според многумина, неговиот пристап кон дипломатијата се сведува на кратки и директни пораки: една слика, неколку црвени „X“ и симболично „бришење“ на противникот.

На настанот беше прикажан графикон кој ја истакнува американската воена сила, со порака дека САД се 100 проценти оперативни и тоа морнарица 100%, воздухопловните сили 100% и ракетната одбрана 100%.

Во исто време, оценката за Иран е драматично поинаква. Според прикажаното, неговите капацитети се опишани како уништени или нефункционални, морнарица „унишена“, воздухопловство „закопано“, а воздушна одбрана „непостоечка“. Дополнително, и портретот на врховниот лидер на Иран е прецртан со ознака „мртов“.

Графиконот, кој го објави Трамп, прикажува целосна воена доминација на САД, додека Иран е претставен како целосно ослабен.

Засега останува нејасно дали оваа визуелизација е реална воена проценка, политичка порака или дел од неговиот препознатлив, провокативен стил на комуникација.

CATEGORIES
Share This