ОД ЛИПКОВО ДО СТРУГА – ВЛЕН најавува големо обединување на 9 мај

Од коалиција до една политичка партија, ВЛЕН ја најавува најголемата промена досега.

ОД ЛИПКОВО ДО СТРУГА – ВЛЕН најавува големо обединување на 9 мај
Фото: Принтскрин

Коалицијата ВЛЕН најави дека на 9 мај, по повод Денот на Европа, ќе го одржи Конгресот на обединувањето, на кој официјално ќе се трансформира во политичка партија.

Според најавите, пет политички субјекти што досега делуваа во рамки на коалицијата ќе се спојат во една заедничка партија со единствено име, политичка насока и мисија.

Од ВЛЕН истакнуваат дека новата политичка структура ќе се темели на владеење на правото, нулта толеранција кон корупцијата, независно судство и силна поддршка за европските интеграции и соработката со НАТО, како и на заштита на семејните вредности, традицијата, културата и идентитетот.

На конгресот се очекува присуство на околу 850 делегати, кои треба формално да го потврдат обединувањето.

„9 мај се приближува и со него доаѓа силен, голем ВЛЕН, распространет од Липково до Струга“, порачаа од коалицијата.

CATEGORIES
Share This