ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА – Комбинација од сонце и силен ветер

Иако денот започнува мирно и сончево, северниот ветер ќе засилува и на места ќе достигне над 60 km/h.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА – Комбинација од сонце и силен ветер
Фото: Национал

Денеска (03.05) времето ќе биде сончево со мала до умерена облачноста и температура во интгервал од 1 до 19 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h).

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. T=19°C. P=982hPa. U=26%. V=5m/s.

CATEGORIES
Share This