ВОЈНА НА ЗБОРОВИ – Иран возвраќа со остра порака за „Трамповиот теснец“
Арагчи потсети на протерувањето на Португалците пред 400 години.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи остро реагираше на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој според иранските медиуми погрешно го нарекол Хормутскиот теснец како „Трампов теснец“. Арагчи го оцени секој обид за преименување на овој стратешки воден пат како сериозна и неприфатлива грешка.
Во објава на платформата X, по повод Денот на Персискиот Залив, Арагчи потсети дека Иранците пред околу 400 години ги протерале португалските сили од областа околу Хормутскиот теснец, нагласувајќи го историското и културното значење на регионот.
Тој истакна дека правилниот назив е „Персиски Залив“, а не, како што рече, „погрешни верзии“ што понекогаш се користат во американските институции. Според него, користењето било кое друго име за Хормутскиот теснец претставува „страшна грешка“ и искривување на историјата.
