ПРВ СУДИР МЕЃУ ЛОНДОН И ТЕХЕРАН – Британските сили уништија стотици ирански летала во ноќни напади
Лондон на првата линија и дали ова е почеток на нов голем конфликт.

Британските воздухопловни сили (RAF) собориле повеќе од 100 ирански беспилотни летала и ракети за време на неколкунеделни напади врз коалициска база во Ирак, според воени извори.
Базата, во чија заштита учествуваат и британски сили, наводно била изложена на околу 28 напади дневно со дронови и ракети во период на зголемени тензии меѓу САД, Израел и Иран, пред да биде постигнат привремен прекин на огнот, пренесува Скај њуз.
Британските војници користеле системи за воздушна одбрана за пресретнување на дојдовните летала, а Министерството за одбрана соопштило дека без нивна интервенција објектот би претрпел значителна штета. При посета на локацијата, министерот за одбрана Алистер Карнс истакнал дека одбранбените капацитети се клучни за заштита на базата, која била една од најчесто таргетираните коалициски позиции во регионот.
Командантот на RAF, Харв Смит, нагласил дека актуелните конфликти ја зголемуваат важноста на системите за одбрана од беспилотни летала и најавил разгледување на дополнителни инвестиции во воздушната одбрана на Велика Британија.
Тој посочил дека изградба на систем сличен на израелската „Железна купола“ за целата територија на Обединетото Кралство би била многу скапа, но дека се разгледува заштита на клучни градови и инфраструктура. Британските сили остануваат распоредени во базата како дел од коалициска мисија која со години дејствува во регионот, првично фокусирана на борбата против Исламска држава.
