МВР СЕ МОДЕРНИЗИРА – Нема да грешат кога ќе казнуваат преку „Безбеден град“
Верификациски код како нов чекор за поголема точност во системот.

Фото: Национал
Министерството за внатрешни работи информира дека при регистрација на возило во станиците за технички преглед и во управните служби, сопствениците ќе добиваат верификациски код на мобилен телефон и на електронска адреса.
По доставување на контакт податоците на шалтер, ќе им биде испратена СМС порака и е-пошта со код, со кој се потврдува дека наведените информации се точни и припаѓаат на сопственикот.
Од МВР посочуваат дека оваа измена се воведува со цел да се намалат можните грешки при испраќање на санкциите од системот „Безбеден град“. Известувањата за прекршоци и понатаму ќе се доставуваат преку СМС пораки и електронска пошта до лицето кое го сторило прекршокот.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест
