ТРАМП ГО НАПАДНА МЕРЦ – Не знае што зборува
Жестока размена на критики меѓу Вашингтон и Берлин околу стратегијата за конфликтот.

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше германскиот канцелар Фридрих Мерц, оценувајќи дека „не знае за што зборува“ кога ги коментира ставовите за војната со Иран.
Во објава на платформата Truth Social, Трамп наведе дека е недозволиво Иран да поседува нуклеарно оружје.
„Канцеларот Мерц смета дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје. Тој не разбира што зборува! Доколку Иран имаше такво оружје, целиот свет ќе беше заложник“, истакна Трамп.
Тој додаде дека презема чекори кон Иран кои, според него, требало да бидат направени многу порано од други лидери.
„Не е изненадување што Германија се соочува со сериозни проблеми, и економски и пошироко“, заклучи американскиот претседател.
Од друга страна, Мерц претходно изјави дека не гледа јасна стратегија на САД за излез од конфликтот со Иран. Тој оцени дека американската нација била понижена од иранското раководство, особено од Револуционерната гарда.
Конфликтот ескалираше откако САД и Израел започнаа воздушни напади врз Иран на 28 февруари, по неуспешните разговори за нуклеарната програма. Прекинот на огнот стапи во сила на 8 април.
