НЕВЕРОЈАТЕН РАЗГОВОР – Експерт за усни откри што си кажаа Трамп и Чарлс III

Средбата во Белата куќа започна со тензичен разговор за безбедносни инциденти и глобалната политика.

НЕВЕРОЈАТЕН РАЗГОВОР – Експерт за усни откри што си кажаа Трамп и Чарлс III
Фото: Принтскрин

Кралот Чарлс III и кралицата Камила во понеделник пристигнаа во Белата куќа, каде беа пречекани од Доналд и Меланија Трамп. Иако првичните поздрави изгледале формални и тивки, експертот за читање од усни Никола Хиклинг за „Дејли Меил“ тврди дека го реконструирал нивниот необичен разговор.

Според неговото толкување, разговорот започнал со сериозна нота, кога Трамп се осврнал на неодамнешен инцидент со пукање на вечерата на дописниците во Белата куќа. Кралот Чарлс на тоа наводно одговорил:

„Подобро да не бидам тука предолго. Чувствувам дека не треба да бидам тука“.

Трамп потоа прашал дали кралот е добро, додавајќи дека ситуацијата „не е добра работа“, по што изјавил:

„Не бев подготвен, но сега сум“.

Разговорот потоа наводно се префрлил на Владимир Путин, при што Трамп рекол:

„Во моментов разговарам со Путин. Тој сака војна“.

Кралот се обидел да ја смири темата со: „Ќе разговараме за тоа подоцна“, но Трамп продолжил со мрачна проценка: „Имам чувство… ако го стори тоа што го рече, ќе го уништи целото население“.

Чарлс повторно се обидел да го заврши разговорот со краток одговор: „Друг пат“.

По овој сериозен дел од разговорот, Трамп брзо ја сменил темата и преминал на полесни теми, покажувајќи делови од Белата куќа.

„Можете да видите сè до таму, право до балската сала. Дали сакате да видите?“, наводно прашал Трамп, на што кралот одговорил со насмевка: „Сигурен сум дека ќе ни покажете“.

По официјалниот прием, кралската двојка продолжила со чај во Зелената соба, а потоа ја разгледала новата кошница со пчели во градината на Белата куќа, која има форма налик на претседателската резиденција.

Посетата завршила со градинарска забава во резиденцијата на британскиот амбасадор, додека официјалната програма продолжува со церемонијален пречек и државна вечера во Источната соба на Белата куќа.

CATEGORIES
TAGS
Share This