БЕГААТ ОД БОГАТАТА ШВАЈЦАРИЈА – Пензионерите масовно се селат

Дел од населението веќе нема ништо на крајот од месецот.

БЕГААТ ОД БОГАТАТА ШВАЈЦАРИЈА – Пензионерите масовно се селат
Фото: Принтскрин

Високите кирии, растечките трошоци за здравствено осигурување и стагнацијата на платите сè повеќе го притискаат животниот стандард во Швајцарија. Наместо да штедат, многу граѓани денес се борат да ги покријат основните животни трошоци.

Анкетата на швајцарскиот весник „Блик“, спроведена меѓу повеќе од 7.000 испитаници, покажува загрижувачка слика: речиси една третина од граѓаните имаат помалку од 500 франци месечно по подмирување на фиксните трошоци. Дополнително, 13 проценти остануваат без никакви средства, додека само нешто повеќе од една четвртина успеваат да заштедат над 3.000 франци месечно.

Сè поголем број луѓе излезот го бараат надвор од земјата. Пензионерите, на пример, се селат во Шпанија, бидејќи пензијата од околу 1.900 франци веќе не им овозможува пристоен живот во Швајцарија.

Најсилен удар од растот на цените на домувањето и здравственото осигурување трпат домаќинствата со ниски и средни приходи. Во јавноста сè погласно се бараат итни мерки за спречување на понатамошно влошување на социјалната состојба, пренесува Б92.

CATEGORIES
TAGS
Share This