Јасно е дека Реал Мадрид најверојатно ќе добие нов тренер за следната сезона, откако клубот по вторпат по ред остана без освоен трофеј. Алваро Арбелоа беше поставен како привремено решение по заминувањето на Чаби Алонсо, но не ги исполни очекувањата за клуб од калибарот на „Кралевите“.
Во јавноста се споменуваа неколку познати имиња како можни наследници, меѓу кои Јирген Клоп, Зинедин Зидан и Дидие Дешан. Сепак, претседателот Флорентино Перес наводно подготвува изненадување.
Според информациите, тој веќе воспоставил контакт со селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, кој сега се појавува како сериозен кандидат да ја преземе клупата на Реал Мадрид.