ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ – Пензионери се тепаат по обложувалници

Полицијата интервенирала по пријавата, следува поднесок против двајцата учесници.

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ – Пензионери се тепаат по обложувалници
Фото: Принтскрин

Во скопската населба Центар вчера попладне е нарушен јавниот ред и мир по физичка пресметка во спортска обложувалница, во која учествувале две лица на возраст над 60 години.

Како што информираат од СВР Скопје, инцидентот се случил околу 13:40 часот меѓу Д.С. (62) и Н.Ц. (63), двајцата од Скопје.

Полицијата интервенирала по пријавата, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против инволвираните лица.

CATEGORIES
TAGS
Share This