ЕДНА ШАКА ДНЕВНО – Овие јатки прават чудо за срцето и мозокот
Не е само грицкање и овие јатки делуваат како природен лек за срцето.

Сите јаткасти плодови носат бројни здравствени придобивки, но некои се издвојуваат по нивното позитивно влијание врз мозокот, срцето и другите органи. Без разлика дали ги додавате во јогурт, салати или ги јадете како брза ужина, тие се практичен начин да внесете повеќе хранливи материи во исхраната.
Тие се богати со здрави масти, влакна и протеини, а нивните ефекти зависат од тоа што сакате да подобрите – срцево здравје, енергија или контрола на шеќер во крвта. Истражувањата покажуваат дека умерено консумирање (околу една шака дневно) може да придонесе за подобар холестерол, стабилен шеќер и помал ризик од срцеви заболувања.
Најздрави јаткасти плодови според придобивките се:
Индиски ореви кои помагаат за здравјето на цревата и го поттикнуваат создавањето на корисни масни киселини. Богати се со бакар, важен за енергија, имунитет и метаболизам. Често се користат и во веганска кујна поради нивната кремаста текстура.
Пекан ореви кои содржат многу влакна, антиоксиданси и здрави масти кои можат да го намалат „лошиот“ холестерол. Помагаат за подобро варење, стабилен шеќер и подолго чувство на ситост.
Кикирики кои иако се мешункасти, нутритивно се слични на јаткасти плодови. Богати се со протеини, витамин Е и антиоксиданси, а можат да придонесат за здравјето на срцето и црниот дроб.
Ф’стаци кои имаат повеќе протеини и помалку калории од многу други јатки. Содржат антиоксиданси кои се добри за видот и можат да помогнат при контрола на тежината, шеќерот и воспаленијата.
Бадемите се одличен извор на витамин Е и влакна. Помагаат за здравје на срцето, кожа и имунитет, а исто така придонесуваат за подолго чувство на ситост.
Ореви кои се сметаат за најдобри за мозокот бидејќи се најбогат растителен извор на омега-3 масни киселини. Можат да помогнат во намалување на воспалението, подобрување на концентрацијата и поддршка на срцевото здравје
