ХЕГСЕТ БЕЗ РАКАВИЦИ – Европа „спие“, Америка ја презема контролата
Американската морнарица ја стега блокадата и Хормутскиот теснец под целосен надзор.

Во Пентагон се одржа прес-конференција посветена на војната во Иран, на која американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ги презентираше најновите детали за операцијата „Епски бес“.
Хегсет истакна дека САД постигнале „одлучувачки воени резултати“, опишувајќи ја мисијата како „смела и опасна, но од корист за целиот свет“. Тој нагласи дека Техеран сега се наоѓа пред клучен избор или дипломатски договор, или натамошна ескалација.
Американскиот министер порача дека поморската блокада на иранските пристаништа се засилува од ден на ден. Според него, американската морнарица делува „без двоумење и без извинување“, а во наредниот период се очекува и засилување со дополнителен носач на авиони.
Хегсет тврдеше дека блокадата веќе има глобален карактер, посочувајќи на пресретнување на ирански бродови во Индо-пацифичкиот регион. Тој беше дециден дека контролата е целосна:
„Ништо не влегува, ништо не излегува, сè е под наша контрола.“
Во своето обраќање, Хегсет испрати и остра порака до Техеран да се откаже од нуклеарната програма на „значаен и проверлив начин“, во спротивно, како што рече, ќе се соочи со сериозен економски колапс под притисок на американската моќ.
Посебен дел од говорот беше насочен кон Европа и Азија. Хегсет оцени дека сојузниците со години ја користеле американската заштита, но дека тоа време е завршено.
„Алијансата не е еднонасочна улица. Времето на слободно возење заврши“, порача тој.
Тој беше особено критичен кон европските земји, споменувајќи „смешни конференции“ и недостиг на конкретни акции. Според него, Европа има поголем интерес од стабилноста во Ормутскиот теснец отколку САД, и затоа треба да покаже поголема ангажираност.
„Помалку зборување, повеќе работа“, рече Хегсет, додавајќи дека ова е „повик за будење“ за глобалните сојузници.
На крајот, тој повтори дека САД се подготвени да соработуваат, но дека очекуваат сериозен придонес од партнерите, предупредувајќи дека без тоа, многу земји ќе останат ранливи на влијанија од држави како Иран.
