ПО ПОВОД ПРЕМИЕРАТА НА ЃАВОЛОТ НОСИ ПРАВДА 2 ВО КИНАТА – Самсунг најавува глобална соработка за Galaxy S26 Ultra

Започнува глобална маркетинг кампања со специјални содржини во кои учествува Хелен Џ. Шен. “Samsung” ја претставува првата „Runway Cam #withGalaxy“, камера на модната писта со Galaxy, на светската премиера на „Ѓаволот носи Прада 2“, истакнувајќи ја професионалната камера на Samsung Galaxy S26 Ultra

ПО ПОВОД ПРЕМИЕРАТА НА ЃАВОЛОТ НОСИ ПРАВДА 2 ВО КИНАТА – Самсунг најавува глобална соработка за Galaxy S26 Ultra
Фото: APRA BCG

Самсунг (“Samsung”) денес започна глобална соработка со цел да го означи претстојното прикажување во кината на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ (орг. The Devil Wears Prada 2) на “20th Century Studios“. Соработката вклучува специјално видео во кое се појавува Хелен Џ. Шен (Helen J. Shen) како нејзиниот лик „Џин“, која беспрекорно исполнува барање побарано од Миранда Присли (Miranda Priestly) во последен момент, користејќи ја функцијата Circle to Search  со Google на новиот Galaxy S26 Ultra.

Видео: https://www.youtube.com/watch?v=dHoVUajjwaM

Како дел од глобалната соработка, Galaxy S26 Ultra блесна во полн сјај на црвениот тепих за време на светската премиера на „Ѓаволот носи Прада 2“. Во активација која би ја направила горда дури и Миранда Присли, Galaxy S26 Ultra беше искористен за да ги сними прекрасните модни комбинации на присутните на црвениот тепих. Со тоа беше претставена првата досега „Runway Cam #withGalaxy“ (камера на модната писта со Galaxy), која испорача неверојатни професионални снимки со кинематографско чувство, подготвени за објава на социјалните мрежи.

Ѕвездите како Хајди Клум (Heidi Klum), Пејџ ДеСорбо (Paige DeSorbo) и Хана Бернер (Hannah Berner), Хелен Шен (Helen Shen) и Вини Харлоу (Winnie Harlow) позираа пред објективот на S26 Ultra за да ги овековечат своите незаборавни изгледи, кои можете да ги погледнете подолу.

Корисничката на S26 Ultra и инфлуенсерка Хејли Калил (@hayleebaylee) учествуваше во ова фото-искуство.

„Апсолутно го обожавам ’Ѓаволот носи Прада‘ и како член на тимот на Galaxy, едноставно вљубена сум во мојот Galaxy S26 Ultra,“ изјави Хејли. „Да се види како тие два света се спојуваат тука, на црвениот тепих и да се споделат сите мои омилени карактеристики на серијата Galaxy S26 со заедницата која исто така го сака овој филм, беше навистина најдоброто искуство.“

Хејли исто така сподели на социјалните мрежи како ги користела карактеристиките на својот Galaxy S26 Ultra, како што е Circle to Search со Google, за да се подготви за премиерата.

Погледнете како Хејли се подготвуваше за настанот тука.

Circle to Search со Google на Galaxy S26 Ultra е подготвен за модната писта

“Samsung” и “Google” стапија во партнерство за серија креативни видеа сместени во универзумот на „Ѓаволот носи Прада 2“, за да споделат како технологијата, како што е Circle to Search со Google на S26 Ultra, е „тајната шифра“ за останување смирен во ситуации со висок притисок.

Сакате да проверите дали серијата Galaxy S26 е вистинскиот избор за вас? Посетете ја официјалната страна на “Samsung“ и подгответе се за „Ѓаволот носи Прада 2“, во кината од 1 мај.

За „Ѓаволот носи Прада 2“

Дваесет години по нивните култни улоги како Миранда, Енди, Емили и Најџел — Мерил Стрип (Meryl Streep), Aна Хатавеј (Anne Hathaway), Емили Блант (Emily Blunt) и Стенли Тучи (Stanley Tucci) се враќаат на модните улици на Њујорк и во елегантните канцеларии на списанието „Runway“ во „Ѓаволот носи Прада 2“ на 20th Century Studios. Ова е со нетрпение очекуваното продолжение на феноменот од 2006 година кој дефинираше цела генерација. Филмот е во режија на Дејвид Френкел (David Frankel), сценариото е на Алин Брош Мекена (Aline Brosh McKenna), продуцент е Венди Финерман (Wendy Finerman), а извршни продуценти се Мајкл Бедерман (Michael Bederman), Карен Розенфелт (Karen Rosenfelt) и Алин Брош Мекена (Aline Brosh McKenna).

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

CATEGORIES
Share This