ДАЛИ РУСИЈА ЈА ЛАЖЕ СВЕТСКАТА ЈАВНОСТ – Зеленски со остар одговор

Украинскиот претседател тврди дека руските извештаи за Луганск се неточни и дел од пропагандна стратегија.

ДАЛИ РУСИЈА ЈА ЛАЖЕ СВЕТСКАТА ЈАВНОСТ – Зеленски со остар одговор
Фото: Принтскрин

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ги отфрли тврдењата на Русија дека нејзините сили воспоставиле целосна контрола врз регионот Луганск, оценувајќи дека таквите наводи не ја одразуваат реалната состојба на теренот.

Во изјава пред новинарите, Зеленски нагласи дека руските информации за напредокот на фронтот често се претерани или неточни. Според него, наративот дека Украина ја губи војната веќе не е доминантен ниту кај меѓународните партнери.

„Тоа не е вистина. Постојано се пласираат приказни дека ни се одзема територија, но дури и оние кои претходно предвидуваа руска победа повеќе не го повторуваат тоа“, изјави Зеленски.

Тој истакна дека, и покрај интензивните борби, Украина не ја губи војната и дека од почетокот на годината билансот на територијалните промени е во нејзина корист. Дополнително, оцени дека руските сили немаат капацитет за големи офанзиви и трпат значителни загуби.

Претходно, началникот на Генералштабот на руската армија, Валериј Герасимов, тврдеше дека руските сили ја контролираат целата област Луганск, што украинската страна го демантира.

CATEGORIES
TAGS
Share This