СКАНДАЛ ВО НАЈАВА – СДСМ се повлекува, ВМРО-ДПМНЕ враќа удари за техничката влада
Митева нагласува дека опозицијата прави политички незрели потези и ја блокира реформата на изборното законодавство.

Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска изјави дека одлуката на опозицијата да се спротивстави на укинувањето на техничката влада претставува политички незрел потег, кој не придонесува за интересите на граѓаните.
Таа реагираше по најавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека партијата ќе се повлече од работната група за Изборниот законик.
„Институциите мора да функционираат демократски, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ тоа го покажува во секојдневното работење. Затоа треба да се напуштат застарените модели од минатото“, истакна Митева.
Таа додаде дека ѝ е нејасно како Филипче вчера зборувал за зголемување на поддршката, а денес се противи на укинување на техничката влада, за која, како што наведе, СДСМ претходно се согласувал дека треба да биде укината.
Претходно, Филипче најави дека доколку предлогот помине во собраниската комисија, пратениците на СДСМ и коалицијата нема да учествуваат во работната група за Изборниот законик.
