СЕ УРИВААТ ПЛАНОВИТЕ ЗА ЛЕТУВАЊЕ – Ќе останеме ли без летови поради кризата со гориво

Европската Унија предупредува на сериозни последици за авијацијата поради недостиг на авионско гориво.

СЕ УРИВААТ ПЛАНОВИТЕ ЗА ЛЕТУВАЊЕ – Ќе останеме ли без летови поради кризата со гориво
Фото: Принтскрин

Европската Унија предупреди дека Европа се соочува со сериозна криза поради намаленото снабдување со гориво за авиони, како последица на војната во Иран, што би можело да влијае на летните патувања, пренесува Скај њуз.

Европскиот комесар за енергетика, Дан Јоргенсен, изјави дека е можно одморот на многу граѓани да биде нарушен, било преку откажани летови или значително поскапи авионски билети. Тој нагласи дека, иако се преземаат мерки, евентуален недостиг на авионско гориво би имал сериозни последици. Засега, како што рече, кризата е повеќе ценовна отколку кризa на снабдување, но постои ризик таа да се продлабочи.

Јоргенсен додаде дека дури и во најдобар сценарио, високите цени би можеле да продолжат подолг период, особено ако инфраструктурата во регионот остане оштетена. Според него, целосно закрепнување би можело да трае со години.

Меѓународната агенција за енергија предупреди дека во следните неколку недели може да дојде до сериозни проблеми во снабдувањето. Некои авиокомпании веќе реагираат со намалување на бројот на летови и зголемување на цените, особено на долги линии. „Луфтханза“ на пример најави значително намалување на летовите во наредниот период.

Претставници од воздухопловните власти во Италија препорачуваат патниците да размислат за одмор во поблиски дестинации, со цел да се избегнат ризици од откажувања или доцнења. Тие советуваат и користење на патничко осигурување кое би покрило евентуални загуби.

Европската Унија, пак, најави мерки за ублажување на кризата, меѓу кои забрзување на транзицијата кон обновливи извори на енергија, поддршка за домаќинствата за чиста енергија и намалување на даноците за електрична енергија, со цел да се поттикне користење на електрични возила.

CATEGORIES
TAGS
Share This