ВЕНГЕР ПРОГНОЗИРА – Арсенал ќе биде шампион, Сити нема да издржи до крај

Борбата за шампионската круна се засилува меѓу Арсенал и Манчестер сити.

ВЕНГЕР ПРОГНОЗИРА – Арсенал ќе биде шампион, Сити нема да издржи до крај
Фото: Принтскрин

Арсен Венгер, човекот кој го предводеше легендарниот тим на Арсенал познат како „Непобедливите“ во сезоната 2003/2004, кога „топчиите“ последен пат ја освоија титулата во Премиер лигата без ниту еден пораз, верува дека лондонскиот клуб повторно ќе стане шампион.

Арсенал, кој и оваа сезона долго време беше на врвот, повторно се соочува со пад во формата и дозволи предноста да се стопи. Во моментов има само три бода повеќе од Манчестер сити, кој има и натпревар помалку, што значи дека битката за титулата може да се решава и на гол-разлика. Засега, Арсенал има предност од еден гол, но тоа може да се промени уште по следниот меч на Сити.

„Мислам дека Арсенал ќе ја освои Премиер лигата. Искрено верувам во тоа, сè изгледа логично. Ми се допаѓа како играат Езе, Одегард, Хаверц и Мадуеке во нападот. Манчестер сити нема да ги добие сите натпревари до крајот“, изјави Венгер, кој сега работи во ФИФА.

До крајот на сезоната, Арсенал има пет натпревари и сите ги игра во Лондон или блиску до него: дома против Њукасл, Фулам и Барнли, а гостува кај Вест Хем и Кристал Палас.

Манчестер сити има уште шест натпревари: дома со Брентфорд, Кристал Палас и Астон Вила, а гостува кај Барнли, Евертон и Борнмут.

CATEGORIES
Share This