ТРАМП ГИ ЗБУНИ СИТЕ – Можеби беше подарок од Кина, што навистина се случило?
Трамп тврди дека еден од запленетите бродови можеби носел „подарок“ од Кина.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека еден од бродовите кои биле пресретнати од американската морнарица наводно превезувал „подарок“ од Кина, но не даде дополнителни детали ниту прецизираше за кој брод станува збор.
„Вчера пресретнавме брод со одредени товари, ништо многу убаво. Можеби беше подарок од Кина, не сум сигурен. Се изненадив, затоа што имам добри односи и мислев дека постои разбирање со претседателот Си Џинпинг“, изјави Трамп, пренесува CNBC.
Во меѓувреме, Министерството за одбрана на САД соопшти дека американските сили во Индискиот Океан се качиле на танкерот „МТ Тифани“, кој е на списокот со санкции и кој транспортирал иранска нафта без да плови под официјално државно знаме.
Од Пентагон истакнаа дека операциите се дел од пошироки напори за спроведување на меѓународниот поморски закон и спречување на нелегални мрежи кои, според нив, им помагаат на санкционирани субјекти, вклучително и Иран.
Паралелно, во текот на викендот американските маринци ја презеле контролата врз товарниот брод „Туска“, кој пловел под иранско знаме и се обидел да помине низ зоната на засилен поморски надзор во близина на Хормутскиот теснец.
Трамп претходно најави и можни последици за Кина доколку се утврди дека испраќа оружје во Иран. Американскиот претседател се очекува да ја посети Кина следниот месец.
