ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ГРАЃАНИТЕ – Поевтинуваат горивата, но едно поскапува

Регулаторната комисија донесе нова одлука за цените на нафтените деривати.

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ГРАЃАНИТЕ – Поевтинуваат горивата, но едно поскапува
Фото: Национал

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13% во однос на одлуката од 14.4.2026 година.

Во пресметките се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% (со исклучок на мазутот и дизелските фракции), како и намалени акцизи за еуродизел за 4 денари по литар и за бензинските горива за 2 денари по литар.

Референтните цени на светските пазари бележат пад во однос на претходната пресметка: бензините се поевтини за 1,806%, дизелот за 9,605%, екстра лесното масло за 8,205%, а мазутот за 6,515%.

Според новата одлука, малопродажните цени се менуваат на начин што бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 денари по литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 0,50 денари по литар. Мазутот М-1 НС поевтинува за 2,939 денари по килограм и новата цена изнесува 46,288 денари за килограм.

Од 21.4.2026 година од 00:01 часот, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат – ЕУРОСУПЕР БС-95: 80,50 ден/л, ЕУРОСУПЕР БС-98: 82,50 ден/л, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 94,00 ден/л, ЕЛ-1: 97,00 ден/л и мазут М-1 НС: 46,288 ден/кг

CATEGORIES
Share This