ФИНАНСИСКА КРИЗА ЈА ТРЕСЕ РУСИЈА – Централната банка продаде 22 тони злато
Продажбата на злато дел од поширока стратегија за стабилизирање на финансиите.

Руската централна банка од почетокот на 2026 година продала околу 22 тони злато од своите резерви со цел да го намали зголемениот буџетски дефицит. Според достапните информации, дефицитот достигнал приближно 61 милијарда долари, како резултат на намалените приходи од нафта и гас.
По оваа продажба, вкупните златни резерви на Русија се намалиле на околу 74,1 милиони тројни унци, што претставува пад во однос на почетокот на годината.
Аналитичарите сметаат дека ваквите потези се дел од поширока стратегија за обезбедување ликвидност во услови на зголемени државни расходи и економски притисоци. Продажбата на злато не е невообичаена практика, бидејќи централните банки често го користат како финансиска резерва во периоди на криза.
Дополнително, ваквите операции во Русија започнале уште кон крајот на 2025 година, како дел од управувањето со државните резерви и нивно прилагодување на променливите услови во глобалната економија.
