ЛУЛА ДА СИЛВА СО СИЛНА ПОРАКА – Бразил не сака повеќе да биде земја од третиот свет
Во посета на Германија, тој истакна дека Бразил одамна ја надминал таа етикета.

Фото: Принтскрин
За време на посетата на Германија, бразилскиот претседател Лула да Силва изјави дека Бразил е заситен од тоа да биде перцепиран како земја во развој од „третиот свет“.
Тој нагласи дека Бразил повеќе не сака да биде гледан како маргинална или „невидлива“ држава, туку како сериозен глобален актер.
Според него, земјата одамна ги надминала тие рамки, бидејќи постигнала економска стабилност, привлекува странски инвестиции и е подготвена за проширување на меѓународната соработка.
Лула претходно ги повика и САД да воспостават однос кон другите држави врз основа на рамноправност и взаемна почит.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест
