ГРАЃАНИТЕ ВО ФОКУС – Еве како новата одлука ќе влијае на секојдневието

Мерката за намалени акцизи продолжува до 4 мај и еве што значи за цените

ГРАЃАНИТЕ ВО ФОКУС – Еве како новата одлука ќе влијае на секојдневието
Фото: Национал

Владата при разгледување на актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, со важност до 4 мај.

Со оваа одлука се продолжува намалувањето на акцизата за дизел горивото за 4 денари по литар, како и за безоловните бензини од 95 и 98 октани за 2 денари по литар. Оваа мерка има директно влијание врз малопродажните цени, со што се намалува притисокот врз трошоците за живот и се ублажуваат инфлаторните движења.

Владата оценува дека продолжувањето на оваа мерка претставува проактивен пристап во управувањето со економските предизвици, со приоритет на заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на економската стабилност.

Дополнително, Владата донесе измена на Одлуката за примена на повластена даночна стапка на додадена вредност. Согласно измената, повластената стапка од 10% останува за бензините, додека за останатите производи се враќа редовната стапка од 18%.

Оваа одлука се оценува како балансиран пристап меѓу таргетирана поддршка за граѓаните и фискална одржливост, при што Владата најавува континуирано следење на економските движења и навремено реагирање со соодветни мерки.

Според проценките, Регулаторната комисија за енергетика се очекува да донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати ќе се намалат во просек за околу 1,5 денар по литар. Дополнително, останува во сила договорениот механизам со нафтените компании, со кој се обезбедува намалување од 3 денари по литар за дизелот и 2 денари за бензините, со што се постигнува кумулативно намалување на цените и олеснување на трошоците за транспорт и инфлаторните притисоци.

CATEGORIES
Share This