КРАЈ НА ЕВТИНИТЕ ПАТУВАЊА – Авиокомпаниите воведуваат нови шок-такси

Патниците се соочуваат со нов бран поскапувања а индустријата предупредува на продолжен ценовен шок.

КРАЈ НА ЕВТИНИТЕ ПАТУВАЊА – Авиокомпаниите воведуваат нови шок-такси
Фото: Принтскрин

Авиокомпаниите ширум светот реагираат на наглиот пораст на цените на млазното гориво, кој според извештаи се движи од околу 85-90 долари до 150-200 долари за барел, предизвикувајќи зголемени трошоци и нови такси, намалување на летови и промени во деловните планови.

Повеќе компании веќе најавија поскапувања и ограничувања: „Ер Франс“ ќе ги зголеми цените на долги линии, додека „КЛМ“ откажува стотици европски летови. „Егеан ерлајнс“ предупредува на прекини кон Блискиот Исток, а „Ер Индија“ и „Чајна Истерн“ воведуваат дополнителни надоместоци за гориво.

„Американ ерлајнс“, „ЏетБлу“ и други американски превозници ги зголемуваат таксите за багаж, додека „Делта“ и „Асиана“ намалуваат дел од своите линии. Европски и азиски компании како „Луфтханза“, „Туркиш ерлајнс“ и „Вестџет“ воведуваат доплати за гориво или намалуваат капацитет.

Некои компании, како IAG (сопственик на British Airways), засега не планираат веднаш да ги зголемат цените поради обезбедени залихи на гориво, но општата насока во индустријата е раст на трошоците и намалување на понудата на летови.

CATEGORIES
Share This