СИНДИКАТИТЕ ПОДЕЛЕНИ ЗА 1 МАЈ – Улица или преговарачка маса
Иако со различни пристапи, двете синдикални организации се обединети во ставот дека работничките права и економскиот стандард мора да бидат приоритет на секоја владејачка структура.

На Меѓународниот ден на трудот, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе организира протест со клучно барање – покачување на минималната плата. Синдикатот ги повика сите работници кои се стремат кон подобри работни услови и поквалитетна егзистенција да се приклучат на протестниот марш.
Маршрутата на протестот започнува од Работничкиот дом, продолжува кон Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред зградата на Владата. Со оваа иницијатива, ССМ сака да испрати јасна порака за итноста на зголемувањето на примањата на работниците во земјава.
Од друга страна, Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) нема да учествува во протестот. Од КСС порачуваат дека клучот за решавање на проблемите на работниците не лежи во улични демонстрации, туку во конструктивен социјален дијалог со надлежните институции.
Иако со различни пристапи, двете синдикални организации се обединети во ставот дека работничките права и економскиот стандард мора да бидат приоритет на секоја владејачка структура.


