ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ ВЕЌЕ НЕ Е ИСТО – Долги редици, нервози и пропуштени летови

Аеродромите во Брисел, Амстердам и Милано најпогодени од доцнењата.

ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ ВЕЌЕ НЕ Е ИСТО – Долги редици, нервози и пропуштени летови
Фото: Принтскрин

Новите правила за влез во Европската Унија предизвикуваат значителни застои и гужви на аеродромите низ Европа, при што патниците се соочуваат со долги чекања, а дел од нив ги пропуштаат своите летови поради воведувањето на новиот систем за гранична контрола.

Станува збор за системот Entry/Exit System (EES), кој неодамна стапи во примена и предвидува задолжителни биометриски проверки за патници од земји надвор од ЕУ. При влез во Шенген зоната, тие мора да даваат отпечатоци од прсти и да бидат фотографирани, што значително го забавува процесот на пасошка контрола и создава долги редици на чекање.

Според извештаите, најголеми проблеми се забележани на неколку европски аеродроми. Во Брисел и Амстердам доцнењата достигнуваат и до два часа, додека патниците во Амстердам пријавуваат особено исцрпувачки чекања, со најголеми тешкотии за повозрасните лица и семејствата со мали деца. Во Милано ситуацијата е уште посериозна, со чекања до три часа за качување во авион и пријави за исцрпеност, па дури и случаи на онесвестување. Нарушувања во распоредот има и во Женева, Лисабон и Малта.

Авиокомпанијата „EasyJet“ ги оцени овие доцнења како неприфатливи, истакнувајќи дека проблемот е надвор од нивна контрола. Експертите за воздухопловство предупредуваат дека транзицијата кон новиот систем ќе биде сложена и дека слични проблеми може да продолжат и во наредниот период. Дополнителен притисок врз европскиот авиосообраќај создава и најавениот штрајк на кабинскиот персонал на „Lufthansa“, кој може да предизвика дополнителни откажувања и нарушувања на летовите за време на празничниот период.

CATEGORIES
Share This