ДРАМА ВО ОРМУЗ – Франција и Англија влегуваат во игра, САД изолирани

Целта е формирање мултинационална мисија за заштита на слободната пловидба.

ДРАМА ВО ОРМУЗ – Франција и Англија влегуваат во игра, САД изолирани
Фото: Принтскрин

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека Франција и Велика Британија ќе организираат заедничка конференција со повеќе држави со цел формирање мултинационална мисија за обезбедување на слободната пловидба во Ормутскиот теснец.

Според Макрон, мисијата би имала исклучиво одбранбен карактер и би била независна од страните вклучени во конфликтот. Таа би се активирала кога условите на теренот ќе го дозволат тоа.

Тој нагласи дека целта не е воено ангажирање, туку обезбедување безбедно и непречено движење на танкерите, особено низ една од најважните стратешки точки за светската трговија со енергенси.

Макрон повика и на засилени дипломатски напори за постигнување трајно решение за конфликтот на Блискиот Исток. Според него, тоа решение треба да опфати низа клучни прашања, вклучувајќи ги нуклеарните и балистичките активности на Иран, неговото влијание во регионот, како и стабилизација на Либан со почитување на неговиот суверенитет.

Францускиот претседател додаде дека Франција е подготвена целосно да учествува во овие напори, како што правела од почетокот на кризата.

Од Лондон беше соопштено дека Обединетото Кралство не ја поддржува американската блокада на Ормутскиот теснец, но заедно со Франција се залага за решение што ќе обезбеди слободна пловидба, важна за глобалната економија.

CATEGORIES
Share This