ТУРЦИЈА ПОКРЕНА ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ НЕТАНЈАХУ И ИЗРАЕЛСКИ ФУНКЦИОНЕРИ – Казните 4.596 години затвор
Обвинителството во Истанбул поднесе обвинение против Нетанјаху и 34 високи функционери

Турското обвинителство побара доживотна затворска казна за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како и за уште 34 високи израелски функционери, под обвинение за геноцид и други тешки кривични дела, објави порталот „Хуриет“.
Според информациите, во Истанбул е поднесено обвинение до надлежниот суд, со барање за доживотен затвор и дополнителни казни кои би се движеле од 1.102 до 4.596 години затвор.
Меѓу обвинетите се и министерот за одбрана Израел Кац, поранешниот министер Јоав Галант, министерот Амихаи Елијаху, министерот Итамар Бен-Гвир, како и високи воени претставници.
Тие се товарат за злосторства против човештвото, геноцид, незаконско лишување од слобода, суров третман, предизвикување штета, како и конфискација на имот и возила.
Истрагата, според обвинителството, е поврзана со инцидент од октомври 2025 година, кога израелските власти привеле активисти од хуманитарна флота што се обидувала да достави помош во Појасот Газа.
По нивното приведување и подоцнежна депортација во Турција, биле извршени лекарски и психолошки прегледи, а како дел од истрагата се собрани докази за наводни злосторства против човештвото, соопшти обвинителството.
